ВестиПопуларно

Илон Маск ја доби битката против Австралија за цензурирање на содржини!

Неодамна, Илон Маск и неговата платформа “Икс” се најдоа под критики од австралиската влада која исто така побара Маск да биде уапсен. Маск од друга страна рече дека станува збор за слобода на говор по што имаше бурни реакции од Австралија.

Проблемот кој што го имаше Австралија беше емитувањето на видео во кое бискупот Мар Мари Емануел е брутално забоден. Маск се сложи да го цензурира видеото во Австралија, но не и во остатокот од светот, тврдејќи ако една држава може да одлучи што ке гледа цел свет, тогаш што ја спречува таа држава сам да ја води платформата Икс?

Маск секако дека се спротистави на овие закани од Австралија и како што се најави, Федералниот суд во Австралија ја укина забраната за Икс да го емитува видеото на кое се гледа прободувањето со нож на сиднејскиот бискупот.

Судијата рече: „По предметот што го слушнав во петокот, наредбите на судот ќе бидат да се одбие барањето за продолжување на меѓувремената забрана дадена на 22 април 2024 година, продолжена на 24 април, и дека трошоците за апликацијата се резервирани“.

Голема победа за Маск и слободата на говор.