ЗабаваПопуларно

Делува дека „Balenciaga“ е социјален експеримент

„Balenciaga“ како што веќе знаете е многу познат моден бренд … и прилично контроверзен.

Пред неколку месеци брендот беше во центар на скандал, откако на социјалните мрежи кружеа видеа во кои се откриваат демонски детали во некои нивни парчиња.

Овој пат не станува збор за скандал, но ТикТок корисничката „Anna Malygon“ објави видео со наслов „Се колнам дека Balenciaga е социјален експеримент“.

Таа во видеото објави некои модели на компанијата, како обичен пењоар од 1300 евра, прилично едноставни влечки од 600 евра, алка која буквално е селотејп од 1000 евра, како и патики за кои можеме се заколнеме дека се стари 10 години, а неколку пати се играло и баскет со нив во маало – во вредност од 900 евра.

Неверојатно … погледнете го видеото: