Технологија

Микроскопска чанта “ПОМАЛА ОД ЗРНО СОЛ” се продаде за повеќе од 63.000 долари

Да, светот најверојатно полуде. Микроскопска чанта се продаде за повеќе од 63 илјади долари. Чантата е реплика на Луи Витон а проектот е од уметничкиот колектив наречен „MSCHF“.

Димензиите на чантата се само 657 на 222 на 700 микрони (или помалку од 0,7 милиметри широк), продадена за над 63.000 долари на онлајн аукција.

Едвај видлива за човечкото око, флуоресцентната жолтеникаво-зелена чанта е инспирирана од популарниот дизајн на Луј Витон, но всушност е создавање на уметнички колектив во Њујорк, а не на самиот луксузен бренд.

Чантата е направена со помош на двофотонска полимеризација, технологија на производство што се користи за 3Д-печатење на пластични делови во микро размери.

Се продаваше заедно со микроскоп опремен со дигитален дисплеј преку кој може да се гледа чантата.

Промотивна фотографија го прикажува дизајнот подетално, откривајќи го монограмот „LV“ со потпис на Луј Витон. Се чини дека чантата е заснована на торбата “OnTheGo” на француската етикета, која моментално се продава во целосна големина за помеѓу 3.100 и 4.300 долари.