Забава

Секс игра се претворила во хорор: Од бешиката и извадиле стаклена чаша по четири години

Докторите секојдневно се соочуваат со различни предизвици во работата, а со своите вештини и знаења успеваат да ги решат и најтешките компликации.

Меѓутоа, големо внимание привлекуваат неверојатните приказни од практиката, кои медицинските работници ги споделуваат со луѓето. Еден таков случај се случи во Тунис, кога лекарите пронајдоа „страно тело“ во мочниот меур на една жена.

Случајот е снимен пред неколку години, но и денес ја збунува пошироката јавност. Во нејзиниот мочен меур била пронајдена стаклена чаша, а сите биле шокирани како настанала.

Оваа 45-годишна жена била примена во болница, а при прегледот се пожалила на болки во мочниот меур и уринарна инфекција. Лекарите ја прегледале, по што утврдиле дека е неопходна интервенција.

Жената, чиј идентитет не се соопштува, премногу си играла во кревет со партнерот, по што стаклената чаша завршила во нејзиното тело, пишува NY Post.

Се претпоставува дека таа го внела предметот во уретрата, каналот преку кој жените ја исфрлаат урината, наместо во вагината. Нејзиниот случај беше објавен во медицинско списание, вклучувајќи неверојатни снимки на рендген и слика од чаша и камен од мочниот меур.

Иако медицинскиот извештај не го спомнува тоа, жената можеби практикувала нешто познато како „уретрална љубопитност“ или „уретрална игра“. Таа многу ризична активност вклучува вметнување на предмет, во овој случај чаша, во уретрата.

I покрај тоа што сето тоа се случило пред неколку години, овој случај шокира многу луѓе ширум светот, а сите се согласуваат дека човечките желби се главно чудни.