ВестиПопуларно

“Почнав да се распрашувам за изборите па сега ми се закануваат со 50 години затвор” – Позната адвокатка во оган откако покажала интерес во минатите избори

Кристина Боб, адвокатка која одлучи да работи за Доналд Трамп во испитувањето за претседателските избори во 2020 година кој Трамп тврди дека биле наместени. На поткаст кај Стив Бенон, поранешен вработен на белата куќа, таа кажува дека откако ја прифатиле работата за Трамп, драстично почнал да и се менува животот… на полошо!

Како што кажува Боб, нејзиниот живот тотално се сменил за мал временски период.

Таа кажа “Откако стигнав во одборот за изборски интегритет на Трамп, два пати на врата ми дојдоа американските маршали, ФБИ ме посети, министерството за правда исто така дојде да ми направи распит.”

“Адвокатската дозвола ми била под истрага веќе неколку пати. Жртва сум на приватни инвестигации, добив четири или пет судски покани за граѓански случаеви”

Но Боб откри дека нема планови да се откаже од нејзината цел која е да докаже дека претседателските избори во 2020 година биле наместени во полза на Џо Бајден

“Незнам како сето ова ке заврши. Работам напорно и макотрпно за да се изборам со ситуацијава и можам само да им кажам дека не планирам да застанам. Ќе продолжиме понатака”