БизнисПопуларно

Ел Салвадор ја зголеми својата биткоин операција со помош на ВУЛКАНИ, заработувајќи 29 милиони попатно!

За тие што не се запознаени, Ел Салвадор изгради геотермални посртојки до вулкани со цел да ја црпат енергијата од вуланите и да ја пренасочат према биткоин “копачи”. Моментално, Ел Салвадор користи 1.5 мегавати, од нивната 102 мегаватска постројка напојува 300 процесори кои “копаат” биткоин.

Салвадор, првата земја во светот што го усвои Биткоин како законско средство за плаќање, исто така ги искористи своите геотермални ресурси за да ископa 474 биткоин во изминатите три години.

Според „биткоин канцеларијата“ на земјата, оддел одобрен од државата, владините поседувања на Биткоин достигнаа 5.750, приближно 354 милиони долари по тековни цени.

Во 2021 година, претседателот Најиб Букеле донесе закон во Ел Салвадор со кој Биткоинот му даде иста законитост како американскиот долар, неговата официјална валута.

“Interesting Engineering” претходно објави како владата ги намамила своите жители со тоа што подарувала биткоин во вредност од 30 долари на секој што создал дигитален паричник за трансакции со криптовалутата.

Една година подоцна, експериментот се чинеше дека очајно пропаднал бидејќи проценките сугерираат дека само 14 отсто од корисниците користеле Биткоин како валута.

Како и да е, владата на Букеле ја задржа својата верба во Биткоин, па дури и кога пазарот на криптовалути се урна, таа продолжи да ја купува криптовалутата и да ја ископува.