Спорт

Нејзиното поранешно момче се самоуби пред 2 месеци, а таа сега е во врска со оженет маж

Кон средината на март светот остана шокиран од веста дека поранешниот хокеар Константин Колцов (43) е пронајден мртов во Мајами, а откако во јавноста се шпекулираше дека се работи за самоубиство, неговата девојка, тенисерката Арина Сабаленка ѝ соопшти на јавноста дека тие веќе некое време не биле заедно.

Наводно ова било основа да започнат шпекулации дека токму љубовните проблеми биле причина за самоубиството на Колцов, а истите уште повеќе се „разгореа“ откако се појави теоријата дека Белорусинката има ново момче, два месеци подоцна.

Многумина беа изненадени од блискоста на Сабаленка и нејзиниот деловен партнер Георгиос Франгулис, инаку бразилски бизнисмен, додека на последните фотографии дефинитивно можеме да видиме дека нешто се случува меѓу нив двајца.

За време на посетата на Формула 1 трката во Италија минатиот викенд, Сабаленка сподели фотографија на која се држи за рака со својот нов партнер, додека се шпекулира дека тие се заедно уште од Австралија опен. Засега таа официјално не потврдила дека се во врска, но фотографиите понекогаш зборуваат повеќе од зборовите…

Франгулис е директор на компанија за производство на здрава храна, а со тенисерката се запознал токму поради деловна соработка. Бразилецот има повеќе од 600 продавници ширум светот и неговите производи се популарни во Бразил, САД, Велика Британија, Франција и Саудиска Арабија, додека сега вложил огромна сума пари за да се „прошири“ во САД. Во исто време, тој е заинтересиран и за мотоспортот, каде учествува дури и на трки, а одлучил и да ја спонзорира Сабаленка.

Она што е особено интересно во целиот случај е тоа што Бразилецот е оженет, а кога неговата сопруга дознала за Сабаленка, наводно поднела барање за развод. Слично нешто ѝ се случи на Сабаленка со Колцов, кој исто така беше во брак кога се запознале, а од тој брак има 3 деца.