Автомобили

Скандал кај автомобилските гиганти: БМВ, Јагуар и Ауди користеле забранети делови; Американците бесни!

Американската царина мора да ја зајакне контролата на увозот на автомобили поради можните забранети делови од Кина, утврди Комитетот за финансии на американскиот Сенат, заклучувајќи дека БМВ, Волксваген, Јагуар Ленд Ровер не биле темелни во проверката на нивните кинески добавувачи.

„Производителите на автомобили ги ставаат главите во песок и потоа се колнат дека не нашле докази за принудна работа во синџирите“, рече претседателот на одборот Рон Вајден.

„Потпирањето на компаниите и нивните механизми за надзор очигледно не е доволно, затоа ја повикувам Царината и граничната заштита да преземат низа конкретни мерки за максимизирање на спроведувањето и елиминирање на компаниите кои поттикнуваат срамна употреба на принудна работа во Кина“, додаде Вајден.

На почетокот на годината илјадници автомобили од луксузните германски марки Ауди и Порше беа заглавени пред американските пристаништа поради царински проверки за делови од кинеско производство.

Германскиот деловен весник “Handelsblatt” тогаш објави дека „проблематичната“ компонента била инсталирана во 13.000 нови автомобили од подружниците на VW, Ауди и Порше и британската луксузна марка на VW Бентли. Според “Financial Times”, компонентата се произведува во западна Кина и е забранета во САД поради прописите против принудната работа.