Вести

Горештините го топат асфалтот, 50 степени во овие светски градови! Се очекува и потопло време!

Летниот монсун дури за два месеци ќе донесе врнежи и освежување на овие предели.

Топлотниот бран се приближува до својот пик во јужна Азија. Максималната температура вчера достигна 50°C на југоисточниот дел на Пакистан, а на северозападот од Индија до 49°C.

Топло е низ остатокот од Пакистан и Индија, со температури над 45°C.

Високите горештини се одговорни за смртта на десетици луѓе.

Температурите остануваат над 30°C и во текот на ноќта.

Во наредните денови времето ќе биде уште потопло, а температурите ќе достигнат и над 50°C.

Максималната температура во овој дел од светот е 53-54°C. Станува збор за југоисточниот дел на Пакистан и северозападниот дел на Индија, каде што има пустина. Ова е најтоплиот дел на југот на Азија и еден од најжешките во светот.

Речиси во текот на целата година е суво и без дожд, монсуните од Арапското Море стигнуваат до овој дел од Јужна Азија најдоцна, а само некаде во средината на јули и во текот на август, а дотогаш стотици луѓе често умираат како резултат на топлотен бран.

Потоа моснунот носи разорни бури, дождови и поплави, а за два месеци паѓа целата количина на врнежи, во овој дел од светот околу 200 литри.

Во друг дел од Јужна Азија, монсунот пристигнува многу порано, така што веќе на крајот на мај стигнува до југозападниот дел на Индија и Бангладеш, а до крајот на јуни и почетокот на јули стигнува до северот на Индија и на северот на Пакистан.

Од јуни до септември, за време на монсуните, паѓаат 70-90 проценти од годишните врнежи, а во еден ден може да врне дожд, што во Македонија паѓа во просечна година, што предизвикува разорни поплави и порои.

Летниот монсун е извор на живот во Азија, бидејќи обезбедува принос на ориз и други култури. Кога е поизразен од просекот, за жал, предизвикува стотици жртви поради поплави, порои и невреме.