Бизнис

Не заработувам многу, а пак имам повеќе пари од сите пријатели: Која е тајната на оваа девојка?

„Имам мала плата, но секогаш имам повеќе пари од сите околу мене, вклучително и оние кои заработуваат значително повеќе од мене. Како е можно? Правејќи ги сите оние работи од кои вие се срамите!“, ја започнува Тамара својата приказна.

„Да не се лажеме, далеку од тоа дека живеам во луксуз, но никогаш не ми се случува да бројам денови до плата или да не можам да си дозволам некоја ситница. Всушност, јас сум секогаш таа која на другите им позајмува по неколку илјади динари до плата. Како тоа ми успева? Со превртување на секој динар два пати.“

Неуморно ги следам попустите

„Не сум скржава, напротив, но под никакви околности не дозволувам да ми наплатат повеќе. Тоа значи дека неуморно собирам додатоци од весници каде пишува кои производи кога и каде се на акција, истото го следам и на Интернет, имам лојални картички секаде каде што пазарувам и собирам купони. Тоа исто така значи дека во секое време имам список на работи кои ми фалат, или наскоро ќе ми зафалат. Никогаш нема да отидам во продавница за да купам само еден јогурт, туку исклучиво во големи набавки во кои, освен тоа што ќе купам само производи на акција, ќе соберам и поени на картичката.“

Една третина од парите чувам и не ги трошам

„Истиот ден кога земам плата, издвојувам дел за сметки, а остатокот од парите го делам на три дела. Првите два немаат никаква посебна намена, но јас секогаш чувам една третина и нема да ја трошам во никој случај. Да, ми се случило понекогаш таа третина „итно да ми затреба“, но секогаш се воздржувам и едноставно замислувам дека ја нема. За мене тие пари не постојат и ништо не ме радува повеќе од тоа кога го гледам тоа „купче“ како расте. Тоа е мојата безбедносна мрежа поради која ноќе мирно спијам.“

Happy teenage girls talking and laughing in a cafe.

Си носам ручек од дома

„Дополнително, ручекот на работа секогаш го носам во чинии и покрај тоа што колегите ме гледаат како вонземјанин додека на работните бироа им стои бурекот. Оваа моја навика ја гледам како тројна добивка – вчерашниот ручек не го фрлив, не оставив пари во пекарница и јадев нешто здраво.

Кога сакам да се развеселам и го подигнам своето расположение, тоа не го правам така што одам да купам некоја кинеска ситница или парче облека, туку едноставно пешачам. Поздраво е, а притоа и сум заштедила пари.

Дали тоа ме прави помалку женствена? Ни случајно! Го имам секое парче и торба кои сум ги посакала, но во многу помал број од моите пријателки кои стресот го лекуваат со шопинг, а тие „лекови“ никогаш не ги ни погледнале. Секогаш попрво ќе купам една квалитетна чанта, отколку три кинески и поради тоа содржината на мојот гардеробер не се обновува сезонски, туку истите работи ги носам со години – бидејќи се во одлична состојба.

Зошто ви го кажав сето ова? Не за да ви „солам“ памет, туку да ве инспирирам. Доколку ова го можам јас, сигурно можете и вие! За возврат, споделете ги вашите трикови за штедење со мене.“