ВестиПопуларно

Кинеска сонда полета од „темната страна“ на Месечината: На пат е кон Земјата и носи вистинско богатство

Кинеската лунарна сонда “Chang’e-6” полета од далечната страна на Месечината, каде што требаше да собере околу два килограми примероци. Лета кон Земјата, а доколку мисијата биде успешно завршена, тоа ќе биде првпат материјалот од таканаречената „темна страна“ на Месечината, која не е темна, но така се нарекува затоа што е невидлива од Земјата, е донесен на нашата планета!

Научниците очекуваат дека овие примероци, кои претставуваат вистинско богатство, ќе им помогнат да одговорат на клучните прашања за раната еволуција на Сончевиот систем. Со овој потфат, Кина продолжува да ја води вселенската трка до Месечината.

Chang’e-6, шестата лунарна сонда именувана по кинеската божица на Месечината. Неговиот претходник Chang’e-5 во 2020 година стана првото вселенско летало кое вратило примероци од Месечината во последните 44 години – последна што го направи тоа беше советската сонда Луна-24 во 1976 година.

Сондата слета во кратерот Аиткен во областа на Јужниот пол, за кој се верува дека се формирал пред четири милијарди години. Кратерот е длабок 13 километри, а неговиот дијаметар е 2.500 километри.

Се очекува сондата да се врати на нашата планета од прилика на 25ти Јуни.