Вести

Од Вардар извлечено тело: Лицето вчера било пријавено за исчезнато

Вчера во текот ноќта во ЦУК, од страна на риболовец, било пријавено дека е забележано безживотно тело во вливот на река Тополка во Вардар.

Од ЦУК веднаш ги известиле МВР, ДЗС, ТПЕ Велес, Општина Велес и друштвото Македонски спасител.

Поради безбедносни причини, телото не било извлечено вечерта, туку утрово во 10 часот, од страна на тим на единицата „Тигар“.

Станува збор за 80-годишен маж со иницијали С. С, кој вчера бил пријавен за исчезнат.