ВестиПопуларно

(ВИДЕО) Страшни последици од пожарот во Блок 70: Кинескиот трговски центар претворен во пепел!

Вчера во утринските часови гореше кинескиот трговски центар Блок 70 во Белград. По четири-часовното борба, српските пожарникари успеаа да го згазнат пожарот.

„Прв пат во гасење на пожар учествуваа 3 хеликоптери која нашата земја неодамна ги набави“ изјави претседателот на Србија Александар Вучиќ, кој изјави дека истрагата во пожарот ќе открие дали бил подметнат или се има било несреќна случајност. Во пожарот немаше повредени лица, ниту пожарникари ниту цивили.

Сè уште нема информации за материјалната штета но се претпоставува дека е огромна. Објектот целосно изгоре, а во текот на вечерта полициски единици дежураа во случај да дојде до брза интервенција.

Во интервенцијата учествуваа 76 пожарникари и 25 пожарникарски возила. Хеликоптерската единица учествуваше со 3 хеликоптери и 31 лет во кој вкупно се истурија 71 тони вода.