ВестиПопуларно

Активисти го вандализираа портретот на кралот Чарлс

Активисти кои се залагаат за заштита на животните го вандализираа новиот портрет на кралот Чарлс во галеријата Филип Молд во Лондон.

Околу 12 часот, двајца учесници од „Animal Rising“ залепиле постери од Волас и Громит (ликови од анимирани филмови) кои ја напаѓаат „RSPCA“ преку лицето на Неговото Височество.

Едниот постер бил лицето на Волас, а другиот облак во кој пишувало: „Без сирење, Громит. Погледнете ја сета оваа суровост на фармите на „RSPCA“!“.

Групата го повикува кралот Чарлс да ја прекине поддршката кон оваа добротворна организација, на која тој е кралски покровител, додека не се откажат од програмата за осигурување, пишува „Daily Mail“.

Даниел Џунипер, еден од вклучените, изјавил: „Бидејќи кралот Чарлс е толку голем обожавател на Волас и Громит, не можевме да смислиме подобар начин да го привлечеме неговото внимание на ужасните сцени на фармите“.

„Иако се надеваме дека ова е забавно за Неговото височество, ние исто така го повикуваме сериозно да преиспита дали сака да биде поврзан со ужасните страдања на фармите поддржани од ‘RSPCA’“, додал тој.