Автомобили

Audi нема да го стави своето лого на новите електрични автомобили во Кина?

Новата серија на електрични автомобили на Audi произведени во Кина за кинескиот пазар нема да го има карактеристичното лого со четири прстени, објави Reuters

Германскиот производител на автомобили во сопственост на Фолксваген врти нова страница поради „размислувања за имиџот на брендот“, рече еден од изворите.

Концептниот автомобил треба да биде претставен во ноември, откри истиот извор, а наводно се планирани девет сериски модели до 2030 година.

Audi одби да коментира за промената лого тврдејќи дека тоа се само шпекулации.

SAIC, долгогодишниот партнер на Audi во Кина, во изјава за Reuters рече дека електричните возила ќе бидат „вистинско Audi со автентична Ауди ДНК“.

Кинеските производители на автомобили се повеќе го зголемуваат својот удел на домашниот пазар, најголемиот во светот. Ова доведе до пад на продажбата на возила од странските производители на автомобили, од кои многу се потпираат премногу на моделите со бензински мотор, принудувајќи ги да воспостават нови партнерства со кинеските компании.

Audi и SAIC во мај објавија дека заеднички ќе развијат платформа за електрични возила за кинескиот пазар.