Автомобили

Ако видите нешто вакво на вакво на бравата од вашиот автомобил, викајте полиција! Крадците го користат овој едноставен трик со монети за да крадат автомобили

Крадците знаат да користат еден дноставен стар трик со паричка во рачката на совозачката врата за да упаднат во автомобил.

Тоа е трик кој е познат одамна, и станува се потешко и потешко да се изведе со нови автомобили, но сепак е можно трикот да успее. Покрај паричката, за да успеат крадците, потребен е и момент на невнимание на тој што ги има клучевите од автомобилот.

За што станува збор?

Крадците ставаат паричка во рачката на совозачката врата. Откако ќе го напушти возилото, возачот ја заклучува вратата од далечина. Меѓутоа, ако монетите го попречуваат системот за далечинско заклучување, тој нема да се заклучи.

Повеќето возачи ги заклучуваат вратите со далечинскиот управувач додека се оддалечуваат од автомобилот, често со завртен грб. Ако вратата не се заклучила, возачот можеби се оддалечил доволно за да не забележи.

Ова ја остава вратата отворена за крадците.

Овој трик станува се помалку вообичаен бидејќи модерните автомобили ја заклучуваат бравата без разлика дали некој ставил паричка во кваката. Но, дефинитивно вреди да се знае, па затоа е полесно да се заштитите. Малку повеќе грижа при напуштање на возилото сигурно нема да боли.