Автомобили

[ВИДЕО] Автомобилот завршил во река: Парот бил “занесен” на задното седиште

Две лица успеале да побегнат од возило кое летнало во реката Шуилкил во Филаделфија, а официјалните лица велат дека парот бил „вклучен во сексуална активност“.

Ова ќе биде резиме на бизарниот настан што се случи неодамна, а во кој, за среќа, загина само еден “Range Rover”.

Локалната противпожарна служба соопшти дека автомобилот завршил во реката, но дека луѓето успеале да побегнат од него додека бил во вода.

Тие биле неповредени и не им била потребна лекарска помош, но доста интересно е што полицијата објаснила како дошло до несреќата.

Двојката се паркирала на блага падина покрај реката и се препуштила на уживањето на задното седиште. Во таа „акција“, според полициските информации, женско лице во возилото ненамерно ја придвижило рачката на менувачот (не кажуваат кој дел од телото).

Автомобилот така тргнал надолу, а речиси пет часа подоцна бил извлечен од водата. Сето ова е снимено од хеликоптер, како што е вообичаено во САД со сообраќајни инциденти.