Автомобили

Новото Електрично Ферари ке се продава за половина милион евра

Првото Ферари без мотор со внатрешно согорување останува речиси целосна мистерија – се што знаеме досега е дека ќе биде изграден во нова фабрика во родниот град на компанијата, а ќе биде откриен кон крајот на 2025 година.

Како што пренесува агенцијата Ројтерс, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата, овој модел ќе чини најмалку 500.000 евра.

Цените, сепак, варираат многу низ светот поради даноците, така што не знаеме точно колку ќе чини насекаде.

Како и да е, оваа цена ќе биде околу основната верзија, но ретко кој купува Ферари без дополнителни опции.
Изворот на Ројтерс, исто така, изјави дека второ електрично возило на Ferrari е веќе во производство, што значи дека е навлезен во рана фаза на развој.

По теренецот Purosangue и првиот електричен модел, додавањето на уште еден модел може да му наштети на ексклузивноста, а за да се избегне разноврсност на брендот, се верува дека компанијата има за цел да го ограничи производството на 20.000 возила годишно.