АвтомобилиПопуларно

Уапсен Србин за убиство на дизајнер на Rolls-Royce

Во неговиот дом во Германија е пронајдено телото на Јан Камерон (74), пензиониран дизајнер од марките Ролс Ројс и БМВ, а за убиство е осомничен Србинот (22), кој е уапсен во Париз.

Баварската полиција соопшти дека по претресот, осомничениот бил лоциран во стан североисточно од Париз и дека во четвртокот бил уапсен од француските специјалци и дека не давал отпор.

Останува да се знаат деталите за целиот случај, но германскиот весник Билд, повикувајќи се на неофицијални информации, објави дека убиецот не украл ништо од куќата на убиениот.

Извршниот директор на Ролс-Ројс, Крис Браунриџ, рече дека „Иан е клучен во обликувањето на брендот од моментот кога BMW го купи“.

„Тој го водеше дизајнерскиот тим за сите генерации Phantom и Ghost и создаде современи автомобили кои го задржаа дизајнерскиот печат на брендот. Моите мисли се со неговото семејство“, рече Браунриџ.
Камерон работеше во овој за гигнатот две децении, а во тој период беше одговорен за создавањето на многу автомобили кои со право денес би можеле да се наречат класици.

Работел за Iveco од 1981 до 1992 година, а потоа се преселил во BMW, најпрво како менаџер на надворешни студии, а во 1999 година станал директор за дизајн на Rolls-Royce. Се пензионираше во 2012 година.

Интересно е што токму тој ја дизајнираше статуата на сребрена дама со крилја да исчезне во внатрешноста на хаубата со силен звук, доколку некој се обиде да ја украде.

Така, на пример, кога станува збор за BMW, тој беше одговорен за надворешниот дизајн на BMW серијата 3 и BMW Z8, а за моделите на Rolls-Royce, како што рече самиот Браунриџ, тој беше одговорен за моделите Phantom и Ghost.