Автомобили

Фиат привремено го прекина производството на електрични автмобили

Побарувачката е помала од очекуваното, па Fiat одлучи дека е најдобро привремено да го паузира производството.

Fiat 500e моментално се произведува во фабриката Mirafiori во Торино, а Fiat претходно најави голема трансформација на таа фабрика. Планираат да инвестираат дури 100 милиони евра, за таму да се произведува хибридна верзија на електричниот модел Fiat 500, но и таму да се произведуваат батерии со подобри перформанси. Производството на хибридната верзија на овој автомобил се очекува меѓу следната година и 2026 година.

Што се однесува до сегашната електрична верзија на овој автомобил, во Арена ЕВ нагласуваат дека, иако во Фиат ја гледаат политиката и немањето стимулации како виновници за послабата побарувачка, уште поголем проблем лежи во друга работа. Цената, односно односот на инвестирано и примено.

Така, Fiat 500e со батерија од 42 kW чини 35.000 евра на повеќето европски пазари, додека електричниот Kia EV3, поголемо возило со батерија со многу поголем капацитет и подобри перформанси, може да се купи за илјада евра повеќе. Потсетуваат и дека на пазарот е достапен Citroen e-C3, кој по големина и перформанси може да му парира на Fiat, а неговата почетна цена е 23.300 евра.

Се разбира, оние што размислуваат да купат електричен Fiat 500 нема да ги споредуваат само бројките поврзани со димензиите и батериите, но недостатокот на побарувачка сè уште укажува дека овој автомобил можеби е сепак прескап. Треба да се нагласи дека Италија оваа година ја промени играта и објавија план тежок речиси една милијарда евра кој вклучува стимулации за купување електрични возила и plug-in хибриди, но се чини дека ниту тоа не му помогна на Fiat.

Покрај познатите проблеми на овој пазар, пред се поради повисоката цена на електричните возила во однос на бензинските од истата категорија и постојано споменуваните проблеми со полнењето и досегот, американските и европските производители на автомобили се соочија и со уште еден предизвик. Натпревар од Кина.

Денес, нивните возила нудат одлични опции и напредна технологија по пристапна цена, што претставува закана за традиционалните западни автомобилски компании. Затоа компаниите почнаа да ги менуваат плановите поврзани со електрификацијата и веќе не брзаат целосно да се префрлат на електрична енергија, туку моделите со бензински мотори и хибриди ќе ги задржат во својата понуда подолго отколку што претходно планирале.