Автомобили

Југо со хит регистарски таблички снимено на пат во Америка: „Бесмртен автомобил од Југославија“

Глетката од САД, која во денешно време речиси и да ја нема ни на нашите простори, предизвика бран носталгија кај луѓето од Балканот.

На Фејсбук страницата Scenic Depictions of Slavic Life корисниците во главно се воодушевени, а регистрацијата на автомобил на целиот впечаток му дава дополнителна комична нота.

Имено, на регистарските таблички пишува „лош автомобил“ (Bad Car).

Уште еден доказ дека Југото е неуништливо, иако неколку пати го нарекуваа најлошиот автомобил во историјата.

„Бесмртен автомобил од Југославија“, „Кажи што сакаш, но овој автомобил сепак работи“, „Спомени од детството“, „Мојот прв автомобил“, се дел од многуте коментари кои можете да ги прочитате ТУКА.

Дали вие сте имале Југо?