БизнисПопуларно

Го нарекуваа будала и предвидуваа дека ќе пропадне, но после 8 години тој е поголем од било кога!

Станува збор за Ден Прајс, кој е извршен директор на „Gravity payments“ компанија за процесирање наплата со кредитни картички.

Пред 8 години, Прајс одлучи на сите вработени да им ја зголеми плата на 70.000 долари годишно. Во тогашно време минималец заработувал 35.000 долари. Овој потег му донесе многу публицитет, негативен и позитивен. Се предвидуваше дека ’Gravity Payments‘ ќе банкротира, бил непријател на капитализмот и по универзитетите ќе бил пример за како не треба да се работи.

Осум години по одлуката на Прајс, предвидувањата не можеше да бидат подалеку од вистината. Ниту банкротираше компанијата, ниту пропадна. Се случи сосема обратното, компанијата во моментов има дупло повеќе вработени, и е 3 пати поголема од што беше пред 8 години.

На прашањето на тоа како им го сменило животот покачувањето, вработени кажаа дека можеле да купат куќа и да почнат фамилија. „Всушност сега скоро цела канцеларија има бебе, можеме сега тоа да си го дозволиме“ кажа една од вработените.

Кога го прашаа Прајс како успеал да изведе толкава промена во платите тој кажа. „Не беше лесно, морав да си ја скратам платата за милион долари, но се исплатеше на крај“

Ден неодамна имаше компликации со односот меѓу вработените па одлучо да се повлече од позицијата на извршен директор. Но, тој единствен акционер на Gravity Payments и држи 100% од акциите на својата компанија. И што е најинтересно е тоа што Gravity Payments немаат отпуштено ниту еден вработен од кога постојат!