ВестиПопуларно

Баба (89) преживеала пет дена во дивина: Спиела под дрвја, се дружела со дива лисица: „Секоја вечер се молела … Знаела дека секој следен ден можеби ѝ бил последен“

Медиумите во Италија известуваат за неверојатното преживување на 89-годишната Џузепина Бардели, која поминала пет дена изгубена во дивината на северот на земјата. Џузепина на 21 август тргнала во потрага по печурки во шумата во близина на езерото Маџоре, но за жал паднала во длабока провалија и го изгубила својот ориентир.

И покрај нејзините обиди да го најде патот назад, таа не можеше да се врати дома, а нејзиниот син Серхио набрзо ги известил властите. Потрагата, во која учествуваа пожарникари со помош на хеликоптери и дронови, беше интензивна, но неуспешна во првите денови.

Бабата талкала во шумата со денови

Несреќната старица тие денови ги поминала талкајќи низ густата шума, спиејќи под дрвја и пиејќи дождовница. Нејзиното искуство како долгогодишен член на локалниот алпски клуб се покажало клучно за нејзиниот опстанок во тешките услови.

Спасувачите по пет дена континуирана потрага веќе размислувале да стават крај, кога конечно на големо изненадување успеале да ја пронајдат Џузепина во густата вегетација. Таа била исцрпена, но свесна, што ја изненадило дури и спасувачката екипа. „Тоа беше фантастична вест! Неверојатно е како таа се спротивставила на предизвиците на таа возраст“, изјави еден од спасувачите.

Синот тврди дека се спријателила со лисица

Нејзиниот син Серхио открил уште една фасцинантна приказна од ова драматично искуство – за време на нејзиното талкање во шумата, Џузепина успеала да се „здружи“ со дива лисица. „Лисицата и пришла неколку пати, од љубопитност и со текот на времето станале пријатели. „Се молела секоја вечер, свесна дека секој следен ден може да и биде последен“, изјавил Серџо.

Џузепина била пренесена во болница, каде успешно закрепнува, додека нејзината приказна продолжува да ги фасцинира луѓето низ Италија и пошироко.