ВестиПопуларно

Безбедносниот совет на ОН усвои решение за привремен прекин на огнот во Газа

Советот за безбедност донесе резолуција, инсистирајќи на моментален прекин на непријателствата во Газа за време на светиот месец Рамазан, со цел за траен мир, заедно со брзо и безусловно ослободување на сите заложници

14 држави од советот гласаа за ЗА, ниедна не гласаше против, додека Америка беше единствената држава која што апстинираше од гласањето.

Резултатот од гласањето беше пречекан со аплаузи од сите присутни.

Русија даде предлог да се додаде зборот “Перманентен” во предлогот но Америка не се сложи.

Пред самото гласање, Нетанјаху прати порака до Бајден во врска со гласот, заканувајќи се дека ќе ја откаже посетата во Вашингтон доколку Америка не стави вето гласањето. Тоа не се случи, што значи дека патувањето во Вашингтон за дискусија за плановите на инвазија на Рафа нема да се одржи.

По гласањето, претставникот на Палестина во ОН изјави:

“Потребни беа 6 месеци, преку 100.000 мртви или ранети, 2 милиони иселени за овој совет конечно да нареди итен прекин на огнот”

Овие вести беа добедојдени и за Хамас, кои изјавија:

“Движењето на исламскиот отпор (Хамас) го поздравува денешниот повик на Советот за безбедност на ОН за итен прекин на огнот и ја нагласуваме неопходноста од постигнување траен прекин на огнот што ќе доведе до повлекување на сите израелски сили од Појасот Газа и враќање на раселените во домовите од кои заминале. Исто така, ја потврдуваме нашата подготвеност да се вклучиме во процес на итна размена на затвореници што води до ослободување на затворениците од двете страни.”

Дали Израел ке го прифати новото гласање останува да видиме, но според претседателот на Колумбија, светот треба да се спреми за последици доколку Израел продолжи кон Рафа. “Ги повикувам нациите во светот да се погрижат доколку Израел го прекрши овој прекин на огнот, веднаш да се прекинат дипломатски односи со нив.” изјави Густаво Педро, претседателот на Колумбија.