ВестиПопуларно

„Вакви сојузи се правеле пред Првата и Втората светска војна“: Страшно предупредување – Испраќаат порака до Кина и Америка

Пораките од посетата на Путин на Пјонгјанг сè уште одекнуваат низ планетата, а рускиот претседател истовремено му кажува на Западот дека не ги одиграл сите карти што ги има.

Рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун потпишаа одбранбен договор за соработка меѓу двете земји, кој вклучува ветување за взаемна помош доколку бидат нападнати. Одгласите од посетата на Путин на Пјонгјанг сè уште одекнуваат низ планетата, а рускиот претседател истовремено му кажува на Западот дека не ги одиграл сите карти што ги има. Посетата на Путин на Северна Кореја во утринската програма на телевизија Курир ја анализирале Бранимир Ѓокиќ, експерт за надворешна политика и проф.д-р Милан Петричковиќ од Факултетот за политички науки.

„Интересно е што Русија, можеби за прв пат во поновата историја, потпиша воен сојуз. Тоа е како пред Првата и Втората светска војна, каде што постои клаузула дека нападот врз една земја се смета за напад врз друга земја и дека таа е должна да отиде на помош. Северна Кореја е многу сиромашна и Ким Јонг Ун постојано се обидува да ги уценува САД, но и Кина, за да добие пред се материјална помош“, рекол Ѓокиќ и додал:

„И Кинезите не се често задоволни од неговите потези. На Путин му требаат тие артилериски гранати, кои до одреден степен веќе ги добил, но она што му е исто така важно е да покаже дека не е сам на политичката сцена. Исто така тука е и Кина, но некако не е јасно дали е со Русија, еднаш помагаат, еднаш не, додека поддршката на нуклеарните капацитети на Северна Кореја е нешто од што САД се плашат“.

„Треба да се каже дека Путин е во посета на Северна Кореја и Виетнам, а тие земји имаат многу, многу лоши односи со Кина. Дали е ова обид на Путин да им покаже на Кинезите, океј, ако не сакате длабока соработка, дозволете ми да покажам дека имам некои механизми, бидејќи Кинезите не знаат баш на што се. Мислам дека Пекинг не е среќен поради оваа посета“, вели Ѓокиќ.

Петричковиќ истакна дека во тек е прегрупирање на геополитичката сцена на светот:

„Само Господ знае каде води сето ова, со оглед на мноштвото на овие испреплетени одредници, оние меѓусебно поврзани влијанија во играта на големите сили. Очигледно, сега сме во период кога има турбулентно прегрупирање на светската политичка сцена. Се менува геополитичката структура, а во тек се најразновидните опции.