ВестиПопуларно

Веќе не мора да вртите на телефони и да чекате по еден час да ви кренат: МВР воведе електронско закажување за пасоши

Министерството информира дека е воведена нова секција на веб-страницата која ќе придонесе за побрзо закажување на термин за фотографирање за пасош, лична или возачка.

Секцијата е наречена „Поднеси барање за термин“, а таму можете да го внесете вашиот матичен број и телефонскиот број. Секако, треба да штиклирате и кој документ го сакате.

Откако ќе го пополните барањето на веб страницата, операторите ќе ви се јават во најбрз можен рок.

Ако сакате да си закажете сликање за некој личен документ, тоа можете да го направите на овој линк: https://termin.mvr.gov.mk/Call_Request