ВестиПопуларно

(ВИДЕО) Апасиев ги сруши рекордите на гледаност во живо на подкаст кај Лазаров: Со баба ми одев да продавам на пазар

Претседателот на политичката партија „Левица“, Димитар Апасиев, вчеравечер гостуваше во поткастот на Стефан Лазаров.

Со маичка во негов стил „Маму ви е*ам кулачко“, Апасиев ги сруши рекордите на гледаност со дури 11.200 гледачи вклучени во живо.

Лидерот на Левица зборуваше за своето детство. На прашањето од Лазаров за тоа какво дете бил Димитар, и дали бил „револуционер и Че Гевара“ уште од мали нозе, тој одговорил дека од неговите родители наследил многу особини.

„Од мајка ми ја имам наследено борбеноста, а од татко ми правдољубивоста – и тие два моменти веројатно ми се од дете, да. А какво дете? Брливо, брат. Затоа и коса носам. Јас да се ишишам како тебе имам седум дупки на главата од што сум паѓал.“

„Еднаш … Им го имам скратено животот на моите со тие бељи. Паѓања, увото еднаш си го искинав скоро. Малтене во рака им го донесов, па шиено ми е со неколку конци. Ми го удрија со рачка од точак, ми го искинаа.“ За себеси вели дека бил „дрнато“ дете, велешки израз за бесно дете.

Лазаров во еден момент го прашува што значи натписот „Маму ви еам кулачко“ на неговата маица, а тој вели: „Кулак е, Кулаците се, како да ви објаснам … Ѕинго бил Кулак. Значи велепоседници во Русија и кога идат нашиве, кога идат бољчевиците таму, да си Кулак забано било. И ова е реплика од еден филм наш, не знам дали го имаш гледано „Големата вода“. Од Живко Чинго е романот ама го имаат филмувано … Наш режисер во Чешка што живее. Таму има една реплика учителот кога ги пцуе овие децата у дом и им вика: „Маму ви е*ам Кулачко. Кулак е омразен термин во комунизмот, тоа е. Класна е пораката брате, класна“.

Целосното интервју можете да го погледнете на приложеното видео.