ВестиПопуларно

(ВИДЕО): Имигранти претепаа полицајци во Њујорк

Навистина чудни времиња во Америка. Од една страна не можат да си ја заштитат границата, од друга страна ги чека војна со Иран, и сега уште им фалеше имигранти буквално да им ја газат полицијата на сред улица.

Шокантното видео покажува како од прилика 6-7 имигранти тепаат двајца полицајци, ги маваат со клоци по глава дур се на земја среде Тајмс Сквер.

https://twitter.com/DonaldTNews/status/1753177021297926517?s=20

Секако дека имигрантите беа фатени од страна на полицијата и потоа беа депортирани така?? Во минатото можеби, но во денешна Америка, верувале или не, судот ги ослободи без кауција. Што значи слободно ќе си шетаат дур да дојде време за пресуда.

Па сигурно дечките покажале жал, и се извиниле за делото? Секако дека не. Тие беа снимени пред судот како креваат среден прст на камерите и не покажуваат никаков вид на каење.

На прашањето за депортација, гувернерката на Нујорк Кети Хочул кажа дека ќе проверила дали заслужиле да бидат депортирани или не.

„Мислам дека е нешто коешто треба да се погледне. Ако некој е сторител на криминал против член на полицијата во Њујорк и не се тука легално, дефинитивно вреди да се погледне. Грешно е во секој поглед, и во разговор сум со обвинители и судии за да се стори тоа што треба“

По непријатниот настан, полициската станица на Њујорк започнаа голема акција во којашто апсеа илегални имигранти по улиците на Њујорк. Но од кога дозна полицијата дека осомничените се пуштени без кауција, организираа протест на улиците на Њујорк кој не беше покажан на локалните вести.
Чудно нели?

На оваа драма се огласи и Доналд Трамп.

„Вчера видов видео каде што претепуваат полицијаци во Њујорк. Некоја група луѓе којашто не ни знае да збори Англиски. Никој нема претстава кој се, никој нема претстава од каде се дојдени. Јас можам да ви кажам точно од каде се, доаѓаат од затвори и од лудници а има и терористите, многу терористи доаѓаат. Да ме извините ама не сакаме ние терористи, сакаме силни граници“