ВестиПопуларно

(ВИДЕО) Како на филм: Влегоа со автомобил во маркет во Скопје и го одземаа сефот, на 200 метри од МВР

Четири лица влетале во супермаркет во населбата Црниче и го одземале сефот. На социјалните мрежи кружи видео од настанот.

На платформата „X“ се појави видео на кое се гледа дека крадците успеваат да го стават сефот во багажникот на своето возило.

Сепак, по пат, сефот им паѓа па тие се враќаат повторно да го земат.

МВР вчера објави дека на 01.04.2024 во 03.58 часот во СВР Скопје било пријавено дека во маркет на подрачје на општина Кисела Вода во Скопје три лица извршиле „тешка кражба“, при што одзеле сеф.