ВестиПопуларно

(ВИДЕО) Колкави се шансите за директна војна меѓу Русија и Велика Британија, според рускиот амбасадор во Лондон?

Ако ги читате меинстрим медиумите, секако странски, да не ги набројуваме сега, светов е во паника уште од ИСИС. Па терористички напади во европски престолнини, па коронавирус и седење дома и миење на чипсови и шишиња да не случајно се заразиме, и сега, можда и најголемата паника, евентуална Трета светска војна.

Како што веќе знаете, двете најопасни војни во светот, кои директно инволвираат неколку нуклеарни сили, се онаа во Русија и таа во Газа. Таа што нас можеби повеќе не интересира, бидејќи е преку море од Бугарија, е таа во Украина. Таму Русија е решена да си го истера своето, а Америка, Велика Британија и остантите се решени да не и дозволат. Поради тоа се големи стравовите од евентуална голема светска војна, а еве што мисли за еден таков конфликт амбасадорот на Русија во Велика Британија, Андреј Келин.

Бидејќи нема место за ширење на руското мислење на “BBC”, дечките од “LBC”, одлучиле да го поканат рускиот амбасадор на интервју и да му го постават прашањето кое многумина ги интересира.

„Какви се шансите, реалните шанси, а директен конфликт во моментов меѓу Русија и Велика Британија“, прашува британскиот новинар.

„Не гледам никаква шанса за конфликт. Политички, да. Политички, ние сме на различна страна од таблата за шах, да го кажеме тоа така“, вели Келин, па додава:

„Но воено, не верувам дека нешто ќе се случи. Ние сме нуклеарни држави. Русија има огромни капацитети, а Британија, исто така, е нуклеарна држава. Каков конфликт би можел да настане меѓу нас?“, прашува Келин.

„Има една изрека која е добро позната и која гласи: Нуклеарна војна не треба да се води, бидејќи не може да се победи“, заклучува рускиот амбасадор во Лондон.

@lbc

Russian Ambassador to the UK Andrey Kelin says there is ‘no chance’ of military conflict between Russia and Britain due to nuclear capacity. #lbc #uknews #russia #ukpolitics #news

♬ original sound – LBC