Вести

(ВИДЕО) Објавена страшна снимка од електричар кој го удира струја: Почнува да се грчи на скалите, а потоа доаѓа неговиот ангел чувар

На социјалните мрежи кружи драматично видео, снимено на 8-ми јули во провинцијата Чонбури во источен Тајланд.

Сангиам Куеконг (82) најмила електричар да реши проблем кој го имала во нејзината куќа, не претпоставувајќи дека ќе мора да му го спаси животот.

При поврзувањето на жиците, Сомсак Каратана (61) случајно допрел наелектризиран метален олук, по што почнал да се грчи на скалата.

Бабата грабнала гумен кабел и го завиткала околу ногата на несреќниот човек, и така го тргнала од жиците. Електричарот паднал на подот без свест, а Сангиам се обидел да го реанимира.

Лекарската екипа пристигнала малку подоцна на местото на настанот и го затекнала Сомсак свесен, но во шок. Тој лежел на дрвена клупа во дворот од куќата, а покрај него била храбрата жена.

Мажот бил пренесен во локалната болница, каде што закрепнал.

„Знаев дека морам да му помогнам штом почна да се тресе. Техниката за реанимација ја научив на Јутјуб. Знаев дека може да биде корисно, и беше“, открила бабата.

Таа го посетила електричарот во болницата и му помогнала на неговото семејство да се грижи за него.