ВестиПопуларно

(ВИДЕО) Херојски: Спасувајќи штала и шума, командирот на штипската пожарна паднал по стрмни карпи и ги скршил двете раце

Гасејќи пожар и брзајќи да спречи истиот да се прошири во боровата шума во близина, командирот на штипските пожарникари Благој Ренџов паднал по стрмни карпи и притоа ги скршил двете раце.

„Веднаш се упативме со колегите кон депонијата и почнвме со гасење. Видов дека е запалена сува трева и оди кон борова шума. Да не ја зафати шумата се обидев да се симнам низ долот, кој беше со карпи, стрмен дел и во еден момент со левата нога пропаднав во дупка и изгубив контрола и почнав да паѓам. При паѓањето наидов на карпа и инстиктивно наместо да удрам со главата, во карпата ги ставив рацете. Почувствував силна болка, притрчаа моите колеги, ме подигнаа и тогаш увидов дека имам силни болки во рацете. Повикавме возило и бев транспортиран во Штипската болница“, вели командирот Благој Ренџов.

Целиот разговор погледнете го приложеното видео: