ВестиПопуларно

(ВИДЕО) Хорор утро! Ракети и дронови удрија на Киев и другите големи градови!

Во текот на утрото, руските сили извршија масовен напад врз Украина, со проектили од стратешките бомбардери Ту-95МС и хиперсонични ракети „Кинжал“. Пред тоа, украинските градови беа нападнати со беспилотни летала, пренесува Укринформ.

Украинската војска објави дека Русија лансирала беспилотни летала, крстосувачки ракети од бомбардери Ту-95 и хиперсонични ракети Кинжал во различни области на Украина.

Според руските и украинските медиуми, нападната е инфраструктурата во украинските региони Харков, Запорожје, Лавов, Киев и Ивано-Франковск.

Како резултат на масовниот напад на вооружените сили на Русија, енергетски и индустриски капацитети беа оштетени во голем број региони на Украина.

Од Киев известуваат дека е погодена термоцентралата во Трипилск. По ударот избувнал пожар.

Серија експлозии се случија во Харков, откако руските сили извршија напад со ракетни системи С-300, пренесува Укринформ. Мета биле неколку индустриски погони и фабрики, пишува РИА Новости.

Според началникот на воениот округ Харков, Олех Синехубов, руските сили извршиле најмалку 10 напади врз виталната инфраструктура на градот Харков и регионот, а забележани се и прекини во електричната енергија.