ВестиПопуларно

(ВИДЕО) Заложничка драма во Холандија! Во кафуле држи заложници и тврди дека има бомба, евакуирани 150 домови

Драмата трае веќе пет часа, додека локалната полиција, со поддршка на националните безбедносни сили, се обидува да ја реши кризата.

Драматичните сцени од градот Еде во Холандија го обиколуваат светот од утрово поради заложничката криза која ја предизвикала непозната личност во локален бар во центарот на градот.

Ситуацијата ескалирала кога било откриено дела лицето држи заложници и наводно поседува бомба.

Драмата трае веќе пет часа, додека локалната полиција, со поддршка на националните безбедносни сили, се обидува да ја реши кризата.

Полицијата реагирала брзо распоредувајќи сили низ целиот град, а дури и наредиле пренасочување на летовите на ав

ионите кои инаку прелетуваат над тоа подрачје, за да се минимизираат ризиците.

Евакуација исто така била изведена во 150 семејни куќи во близина на барот во кој се одвива заложничката криза.