ВестиПопуларно

Во Европа се појави опасен вирус: Го пренесуваат комарци и муви, а ова се симптомите

Во Европа е регистриран првиот случај на вирусот ОРОВ кај пациент од Италија.

Веста беше потврдена од Одделот за заразни, тропски болести и микробиологија на IRCCS “Sacro Cuore Don Calabria” во Неграро, а случајот е веќе пријавен до здравствените власти и релевантните локални здравствени власти во регионот Венето, пренесува италијански “Il Messaggero”.

Оропуче треската, позната како ОРОВ, е тропска вирусна инфекција која се пренесува на луѓето со каснување муви и комарци.

Оваа болест е именувана по регионот каде што за прв пат беше откриена и изолирана во регионалната вирусна лабораторија во Тринидад во 1955 година покрај реката Оропуче во Тринидад и Тобаго.

OROV е предизвикан од специфичен арбовирус, Oropouche virus (OROV), од семејството “Buniaviridae”.

Иако инсектите „culicoides“ се присутни во Италија, специфичниот вектор на овој вирус (Culicoides Paranensis) не е присутен во Европа и го има само во Јужна и Централна Америка.

ОРОВ е еден од најраспространетите арбовируси во Јужна Америка, со над 500.000 дијагностицирани случаи од 1955 година до денес.

Во последниве месеци, има зголемување на откривањето на случаи на треска во некои делови на Америка, главно во регионот на Амазон во Бразил.

Симптоми на вирусот

Симптомите обично се појавуваат 3-8 дена по каснувањето од инсект и се многу слични со оние на другите тропски вирусни трески како што е денгата: висока температура (над 39°C) проследена со главоболка, болки, општа малаксаност, мијалгија, гадење, повраќање и фотофобија. .