ВестиПопуларно

Децата се обиделе да ја одбраната мајка си додека татко им ја бодел со нож! Ана била брутално убиена: „И ги покриле раните со крпа“

Децата на Ана Кристина Дуарте се обиделе да ја одбранат мајка си додека нејзиниот сопруг ја бодел во стомакот. Со крпа се обиделе и да и ги покријат бројните рани, а потоа нејзиниот постар син, четиринаесетгодишно момче, ги извлекол од дома тринаесетгодишната сестра и шест години помалиот брат.

Ова е хорор-приказна која доаѓа од Италија, каде ноќта меѓу петокот и саботата на 7 септември, 53-годишен камионџија ја избодел до смрт својата 38-годишна сопруга. Ана Кристина Дуарте по потекло од Бразил и Ецио Ди Леврано биле во брак 14 години, но се чини дека нивниот заеднички живот бил сè само не среќен. Жената излегла од дома во понеделникот на 2 септември по уште едно малтретирање што го претрпела.

Самиот Ди Леврано ги повикал карабинерите да извести дека жената го напуштила брачниот дом, но кога истражителите ѝ влегле во трага на жената, откриле како навистина се случиле работите. Во полиција раскажала за насилството кое го трпела, но немала желба да го пријави сопругот.

Обвинителството во понеделникот веќе ја активираше процедурата црвена шифра, која обезбедува форма на заштита за жените жртви на насилство, заедно со отстранување од домот и обезбедување заштитен центар. Инспекторите требало повторно да се сретнат со жената за нови истраги, но таа се вратила дома во петокот вечерта и се нашла лице в лице со сопругот. Хипотезата е дека сакала да ги земе и своите деца, а потоа нова расправија кулминирала со прободување. Децата по злосторството побегнале, а Ана починала додека со хеликоптер на брза помош била превезувана во болница.

Ди Леврано бил уапсен во 2004 година за злосторства поврзани со дрога, а во меѓувреме се обидел да исчезне: карабинерите го нашле како се крие во блиското село, а запленет е и ножот со кој ја убил сопругата.