ВестиПопуларно

Доналд Трамп тврди дека Обама е претседател на САД и го контролира Џо Бајден

Доналд Трамп веќе некое време на своите митинзи, кога е време да се спомне противникот Џо Бајден, тој намерно кажува Барак Обама посочувајќи дека Америка всушност сеуште ја води Обама а Бајден е само тука да замати очи.

Во Вирџиниа кога се зборуваше за војните низ светот, тој кажа: „Путин има толку мала почит за Обама што почна да му се заканува со нуклеарки. Почнаа нуклеарните закани. Чекав тоа да се слули … Ама ние имаме будала за претседател којшто кажа дека нема да сме си иделе сè додека немало тотална и комплетна победа. Како што се одвиваат работите изгледа нема да се враќаме во брзо време.“

Нешто слично се случи и во Њу Хемпшир каде што Трамп предупредуваше за трета светска војна. „Обама има голем удел во сето ова. Јас си го нарекувам шефот на Бајден. Многу е сериозно, моментално се наоѓаме во голема опасност од почнување на трета светска војна, и ова ќе биде војна на целосно бришење. Не правиме муабет за војна каде што тенкови одат напред-назад и се пукаат, не. Оваа војна ќе биде вистинската, а ние имаме претседател што не може да се симне од бина. Ке заврши со говорот, па гледа лево, гледа десно. не знае што се случува. Неможе две реченици да врзе ама некако преговара со претседателот Ши од Кина. Чисто за споредба, тоа е како мојот фудбалски тим од средно школо да игра против светските прваци“

На интернет кружат снимки од интервју кое го даде Обама во текот на неговиот мандат и кажува како многу би сакал да може претседател да е некој друг а он од дома во тренерки да ги носи одлуките.

На ова се огласи и екскандидатот за претседател и моменталниот сенатор на САД, Тед Круз: “Знаеме дека Џо Бајден не шофер на овој воз. Мислам дека станува збор за левичарски конгресни демократи. Јас лично мислам дека Обама го управува возот”