ВестиПопуларно

Има 18 години и ќе биде идна кралица на Шпанија

Првиот пар на Шпанија – кралицата Летиција и кралот Фелипе Шести се во брак 20 години и во него ги добија ќерките Леонор и Софија. Убавата Леонор има 18 години и е идната кралица на Шпанија, а во последно време е поангажирана од било кога досега.

Леонор минатата година започнала да ја посетува воената академија и со тоа всушност ја продолжила традицијата која ја следеле нејзиниот дедо и татко. Леонор положи заклетва и во парламентот во Мадрид, со што и официјално стана идна кралица на Шпанија, а во отсуство на нејзиниот татко, кралот Фелипе Шести, таа ќе може да ги извршува должностите на регент.

Таа се заколна на верност на шпанскиот устав и ја презеде историската должност на нејзиниот 18-ти роденден.

Леонор денес се појави во Лисабон каде се сретна со претседателот Марсело Ребело де Соуза и официјално ја започна својата должност.

Ќерката на Летиција и Фелипе се појави во прекрасен црвен костум и може да се заклучи дека го има стилот на нејзината мајка.

Црвениот костум одлично ѝ прилегал, а нежната шминка и розовите потпетици ја заокружиле оваа комбинација.

Кога ќе стапне на тронот, таа ќе стане првата кралица регент во својата земја во последните 150 години. Се очекува таа да продолжи по стапките на нејзиниот татко и да го поправи угледот на монархијата, кој беше сериозно нарушен од нејзиниот дедо, контроверзниот поранешен крал Хуан Карлос.