ВестиПопуларно

Интервјуто на Такер Карлсон и Путин гледајте го први ТУКА

Карлсон пред неколку дена изјави дека американскиот мултимилијардер Илон Маск му потврдил дека нема да го „блокира“ или „забрани“ интервјуто на социјалната мрежа “Х”.

Поранешниот водител на „Fox News“ потврди дека навистина ќе го интервјуира Владимир Путин, откако се појавија шпекулации додека тој вчера бил виден во посета на канцеларијата на рускиот претседател.

Карлсон, кој беше отпуштен од “Fox News” минатиот април, објави четириминутно видео на “Х” во кое објаснува зошто решил да го интервјуира рускиот претседател.

Путин: Tој е „различен“ од западните медиуми

Рускиот претседател Владимир Путин се согласил на интервју со американскиот конзервативен ТВ водител Такер Карлсон, бидејќи, како што тврди Кремљ, неговиот пристап е различен од едностраното покривање на традиционалните западни медиуми.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека западните медиуми веќе не се ни обидуваат да бидат непристрасни во известувањето за Русија и затоа нема желба Москва повеќе да комуницира со нив.

„Што се однесува до земјите од колективниот Запад, главните медиумски мрежи, ТВ канали и големите весници не можат да се пофалат дури и дека се обидуваат да бидат непристрасни во нивното известување“, рече Песков.

„Неговиот став е различен од другите. Тој во никој случај не е проруски, ниту проукраински – туку проамерикански, но барем е во спротивност со ставовите на традиционалните англосаксонски медиуми“, рече Песков.

Маск: Ако ЕУ воведе санкции за Такер Карлсон, тоа би било навреда за американската јавност

Американскиот милијардер Илон Маск изјави дека воведувањето санкции на Европската унија против Такер Карлсон би било навреда за американската јавност.

„Можеме да се согласиме или не со Такер, но тој е одличен американски новинар и таквата постапка во голема мера би ја навредила американската јавност“, изјави Маск на социјалната мрежа Х, реагирајќи на пишувањето на одредени медиуми дека ЕУ може да воведе санкции за Карлсон за интервјуто со рускиот претседател Владимир Путин.

„Ако тоа е вистина, тоа би било навистина вознемирувачко“, додаде Маск.