ВестиПопуларно

Истражување на ИРЛ: Службеничка од пошта добила бизнис од Електрани во вредност од 7 милиони евра

Маја Јорданова од Пошта случила договори во вредност од речиси седум милиони евра за набавка на адитиви за јаглен за РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј. Во сите тендери Јорданова била единствен понудувач.

Јорданова во АД Пошта била вработена пред три години. Освен што работи во државна служба, Велешанката води и бизнис, односно е сопственик на компанијата “Браинкоде”, пишува “IRL“.

Оваа компанија била добрана од АД ЕСМ да го револуционира процесот на производство на Струја во РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј.

Нејзината компанија нема ниеден вработен, а претходно тргувала со канцелариски материјали.

Седиштето на фирмата е во куќа во наслеба Ѓорче Петров, а на истата адреса се регистрирани повеќе компании.

Повеќе за ова можете да прочитате на irl.mk