Вести

Кога и ја видел косата, знаел дека мора да реагира за да и го спаси животот! Неколку минути ја делеле од трагедија

Иако повеќето луѓе „ТикТок“ го користат за разонода и забава, оваа мрежа во повеќе наврати се покажала како многу корисна за некои суштински информации кои потенцијално можат да ви го спасат животот.

Токму за тоа говорела и една девојка која за влакно ја избегнала смртта благодарение на своето момче кое во нејзината наелектризирана коса не само што видел знак дека се наближува катастрофа, туку и реагирал.

Сè започнало со наивна фотосесија на дождот, а тогаш момчето забележало нешто.

„Она кога се фотографирате на дождот и вашето момче забележува дека косата ви се крева, па ви го спасува животот“, започнала Марисол Лопез.

@marisol_lopez57

I panicked so hard bec he was yelling to run to the car! And I was so lost on what was going on until he told me what it mean when we ran to the car #rain #lightning #thunder #fypシ゚viral #foryou #viral

♬ Limerence – Yves Tumor

„Толку бев испаничена, бидејќи тој постојано викаше да трчам до автомобилот! Бев толку изгубена не знаејќи што се случува сè додека тој не ми кажа што значи тоа додека не истрчавме до автомобилот“, додала оваа девојка.

Секако, коментарите постојано се нижеле, а имало и такви кои сè уште не можеле да разберат зошто е важно да се засолниш доколку косата ти се крева за време на гром.

„Тоа значи дека постојат шанси да ве удри гром“, гласи еден од првите коментари.

„Секој ден учам повеќе на оваа апликација отколку на училиште“, „О, боже, мило ми е што знаел што значеше тоа“, „Ова можеше да заврши толку лошо“, „Уште па си се потпирала на метална шипка. Срце, трчај кон колата“, „Се потресов од страв“, „Мислев дека само косата ти е наелектризирана, но всушност …“, „Човече, не го знаев ова, мило ми е што го сподели“, пишувале луѓето.

Една девојка праша што ќе се случело ако не биле во близина на автомобилот, односно што треба да се направи во тој случај.

„Гугл вели да клекнете на колена на земја, но јас бев среќна што бевме блиску до автомобилот“.

Патем, доколку прогуглате, навистина ќе најдете информација дека, доколку ви се крева косата за време на грмотевици, тоа значи дека сте во опасност да ве удри гром.

Сè на сè, добро е да знаете вакво нешто и наравоучение – не фотографирајте се надвор кога врне и грми!