ВестиПопуларно

Мислела дека е чекан: Жена 20 години кршела ореви и зачукувала клинци со рачна бомба (ВИДЕО)

Кинеска 20 години кршела ореви со рачна граната, верувајќи дека тоа е всушност чекан.

Неверојатната приказна трае веќе две децении, поточно откако Чин, која сега има 90 години, од Ксијангјанг во централна Кина, на својата фарма пронашла необичен метален предмет.

Следните 20 години го користела за кршење ореви без да знае дека држи бомба во раката. Едноставно е неверојатно што иако главата на гранатата беше доста оштетена со текот на времето, трагедијата не се случи по чиста среќа.

Работниците во близина на нејзината куќа препознале што всушност држи во рацете, па г-ѓа Чин дури минатата недела дознала во каква опасност се наоѓа.

“Гранатата ја користев за мелење црвен пипер, удирање ореви и зачукање клинци” – открила оваа баба во видео кое стана вирално на интернет.

Кога работниците ги алармирале надлежните служби, веднаш на терен биле испратени припадници на единицата за деактивирање и уништување експлозивни направи.

Кинеските медиуми јавија дека гранатата била домашна тип 67, препознатлива по заштитната метална обвивка на дрвената рачка.