ВестиПопуларно

Млада девојка повикала лифт, вратата се отворила, лифтот не дошол. Паднала во окното и починала

25-годишната Селија Дитано починала завчера во раните утрински часови во станбена зграда во градот Фасано на југот на Италија, откако влегла во окното на лифтот кога вратите се отвориле пред да пристигне лифтот.

25-годишната девојка го притиснала копчето за да го повика лифтот. Вратата се отворила, а таа влегла. Не забележала дека лифтот е уште четири ката подолу. Според италијанските медиуми, таа паднала на покривот од лифтот кој застанал на првиот кат и починала на лице место.

Таткото на Селија го пронашол нејзиното тело откако се јавил на нејзиниот мобилен телефон и слушнал како ѕвони во окното. Тој ги известил итните служби кои пристигнале на местото на настанот во околу 8 часот.

“Требаше да ги оствариш сите соништа, семејството што сакаше да го создадеш, да ја пронајдеш вистинската љубов…“, напишала една нејзина пријателка на социјалните мрежи.

Во тек е истрага зошто вратата се отворила иако немало лифт. „Претпоставуваме дека се работи за дефект на системот за заклучување. Вратата треба да се отвори само кога ќе пристигне лифтот“, рекол истражителот.