ВестиПопуларно

Негувателка од Скопје претепала 3 годишно дете и како резултат детето останало без говор

Од скопско Радишани излезе грозна вест во која негувателка оставила еден од дечињата без говор откако го тепала.

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за истражна постапка против 32 годишната негувателка во детската градинка за која постои сомнение дека сторила продолжено кривично дело – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 став 1 во врска со член 45 од кривичниот законик.

„Во временскиот период од 2022-2023 година, осомничената вработена во детска градинка во Радишани во повеќе наврати извршила психичко и физичко насилство спрема оштетено тригодишно дете кое ја посетувало јаслената група во градинката. На детето му се обраќала со погрдни зборови, го влечела и тегнела за коса, па тоа претрпело силен страв и стрес, што резултирало со губење на говор и страв од одење во градинка“, објаснија од Обвинителството.

До кривичниот суд беше доставен предлог за определување на мерки на претпазливост кон осомниченото лице од страна на Јавниот обвинител. Имено, станува збор за забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска осомничената да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за издавање на истата, забрана за посетување на детска градинка и сите објекти кои се дел од истата детска градинка, забрана за приближување или воспоставување, односно одржување на контакти или врски со оштетеното дете, со неговите родители и со сведоците, како и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело, односно оддалечување од работното место.

Неодамна искоши видео од негувателката кое што може да го видите ако кликнете тука