Вести

„О, не, само тоа не!“ Тито не ја сакал само оваа намирница

Иако се опуштал со виски и пушел пури од Хавана, кога станува збор за храната, не бил особено пребирлив.

Поранешниот југословенски претседател Јосип Броз Тито важел за голем хедонист.

Како што тврди неговиот последен батлер, Јоже Ожели во книгата „Последните денови на Тито“, доживотниот претседател на СФРЈ секогаш бил послужуван со различни меса, прилози и салати, а тој самиот избирал што ќе јаде во одреден момент.

– Ние донесовме полжави, а тој рече: „О, не, воопшто не би јадел полжави“, открил познатиот словенечки готвач кој заедно со сопругата се грижел за храната и приемите на претседателот во неговата резиденција на Брдо кај Крањ седум и пол години.

Јосип Броз Тито ја обожавал загорската кујна, особено штруклите (вид на пита). Од месото особено сакал говедско, а утрото го започнувал со кратко еспресо без шеќер, пренесува Аваз.

Кога добил подарок чај од женшен во Северна Кореја, го започнал ритуалот на пиење од овој пијалак пред спиење.

Благодарение на работењето за претседателот, Ожели готвел за многу познати личности од светот на политиката и филмот.

За време на посетата на британската кралица Елизабета Втора на Бриони, и била послужена јагнешка сарма во винова лоза, додека на последниот претседател на СССР, Михаил Горбачов, особено му се допаднала паштетата од пастрмка на Ожели.

Познатата филмска дива Елизабет Тејлор обожавала да јаде стек, а нејзиниот сопруг Ричард Бартон најмногу уживал во месо на скара.