ВестиПопуларно

Објавени видеа – Партизани упаднаа во Русија да се борат против Путин: „Носиме слобода“

На социјалните мрежи се шират снимки од наводни борби, на кои се слушаат истрели и експлозии. Илја Пономарев, руски опозиционер и поранешен пратеник во Државната дума, ги потврди извештаите за жестоки борби.

Руските партизани тврдат дека ја презеле контролата врз пограничниот град Лозова Рудка во Белгородската област, а во моментов се водат борби во селото Теткино во областа Курск.

Гувернерот на Курската област Роман Старовојт објави дека диверзантско-извидувачка група се обидела да навлезе во областа кај селото, но нападот бил одбиен.

Рускиот воен блогер Вор Гонзо тврди дека вооружени групи во пикапи, поддржани од минофрлачки и артилериски оган, се обиделе да навлезат во Русија.

Портпаролот на украинското воено разузнавање (ГУР) Андриј Јусов истакна дека спорните единици се составени од руски државјани. „Тие дејствуваат на територијата на Руската Федерација целосно автономно, независно, исполнувајќи ги своите општествено-политички програмски задачи. Впрочем, ова не се први такви акции на овие структури и организации во таа област“, ​​рече тој.