Вести

Од водата ѕиркал само врвот! Луксузна јахта вредна речиси милион евра потона кај Мајорка: Спасени се пет лица, меѓу кои и едно дете (ФОТО, ВИДЕО)

Пет членови на екипажот и патници, меѓу кои и едно дете, се спасени од луксузната јахта што потона во близина на брегот на Мајорка.

Луксузната јахта најпрво наиде на неволја во саботата околу 10 часот по локално време кога другите блиски пловни објекти забележаа дека јахтата, која беше закотвена на брегот на Камп де Мар на југозападниот дел од Балеарските острови, делумно потона.

Набргу потоа, беше издадено предупредување за итни случаи и шпанската крајбрежна стража се качи на нивните чамци за да се упати кон местото на настанот – а локалната полиција ја следеше. За среќа, пред да стигнат службите за итни случаи, приватен брод успеал да ги земе петте патници на јахтата – во која биле брачен пар германски и нивниот син.

Јахта вредна речиси еден милион евра

На снимката објавена од крајбрежната стража на Мајорка, јахтата, чија вредност се проценува на неверојатни 940.000 евра, може да се види како само врвот од бродот се издигнува над водата со парчиња отпад што лебдат во водата.Видеото можете да го погледнете ТУКА.

Јахтата потона синоќа околу 17 часот по локално време. Шпанската полиција допрва треба да излезе со соопштение зошто потона луксузниот брод.