ВестиПопуларно

Пожари на повеќе локации во Македонија

Утрово во Македонија се активни вкупно девет пожари на отворен простор. Ноќеска имало скоро дупло повеќе пожари но биле изгасени во текот на ноќта

Планината Серта сеуште гори и тоа на 4 различни локации. Пожарот се простира на три општини.

“Се уште е активен пожарот на планината Серта, кој се простира на три општини како и четири самостојни пожари. Во општина Неготино, во атарот на село Калањево, каде гори ниска вегетација и шума, во Општина Конче, кај селата Горни и Долни Липовиќ, каде гори нискостеблеста шума – бор, во Општина Штип, на местото викано Патрик, каде гори смрек, дабова шума и мешовита шума и во општина Штип, меѓу селата Драгоево и Селце, на месноста викаба Хаџи Реџепли е зафатена ниска вегетација и грмушки” се наведува во соопштението. 

Пожарот кој започна пред 4 дена во село Пепелиште, Неготино, се прошири на територијата на Штип. Во текот на вчерашниот ден било интервернирано на делот во општина Штип. Патниот правец Штип-Неготино беше затворен за сообраќај во 19.50 часот.

“Пожарот е активен и ќе продолжи да се гаси во текот на денешниот ден. Гори мешана шума, смреки и сува трева, а загрозени се објекти во близина се патот Штип – Неготино, приватно ловиште „Лакавица – Патрик“, репетитори на мобилни оператори и имоти на граѓани” посочуваат од ЦУК.

Денес активни пожари има во Општина Чашка, кај селата Дреново и Долно Јаболчиште и Општина Ново Село, над село Бадилен.

Во изминатото деноноќие се изгасени вкупно 17 пожари од кој 3 се изгасени во околината на Скопје и тоа кај општина Сарај кај село Горно Крушопек, во Општина Аеродром во Долно Лисиче и во Општина Арачиново кај село Арачиново.

Од ЦУК додаваат дека во периодот кој следи ќе имаме високи температури и ќе биде активирано портокалово ниво на опасност.