ВестиПопуларно

Помош за Леонид Индов доаѓа од сите страни: Битолчанец во Австрија го нуди својот дом за блиските на Леонид

Откако се дозна дека Леонид Индов нема да има пари за неговото лекување во Австрија, Македонскиот народ се дигна на нозе и ја покажа својата хумана страна!

Неодамна ДНК собраа 690.00 денари со лицитација на Златната бубамара за лекувањето на Леонид, а денес Македонец од Австрија им понуди помош на родителите на Леонид во вид на јадење, спиење, и превоз до болницата каде што лежи Леонид во кое било време!

Македонецот Марјан Шекер Атанасовски се огласи на Фејсбук!

Секако дека овие вести беа прифатени одлично од македонскиот народ.

“Браво Марјане, не бадијала си шекер!” пиша една Македонка!

“Браво! Човек со душа и срце. Бог да те благослови со добрини и здравје” пиша друг.

Најголемиот дел од коментарите “Капа долу за тебе” и “Секоја чест” , а одговор имаше и од фамилијата на Леонид, кои кажаа дека стапиле во контакт со хуманиот Марјан