ВестиПопуларно

Предлог-законот за забранување на TikTok успешно изгласан!

Неодамна најавивме дека TikTok се наоѓа пред државни регулации и дека политичарите се спремаат да го изгласаат предлог-законот кој ќе го забрани TikTok на целата територија на САД.

Во законот стои дека TikTok веднаш мора да се одвои од мајка компанијата „ByteDance“, во спротивно ќе биде забранета за користење. TikTok има рок од 5 месеци да го издејствува ова двоење.

Предлог законот беше еднострано изгласан. Односно 352 гласаа ЗА, 65 гласаа ПРОТИВ, и 1 беше воздржан. Одлуката сега треба да отиде до сенатот за потпис од претседателот Џо Бајден. Тој веќе изјави дека планира да го потпише законот.

Томас Маси, претставник на Кентаки беше еден од ретките што беше спротивставен за овој предлог закон. Тој изјави „Ако почнеме со TikTok, каде ќе ни биде крајот? Всушност со ова кажуваме дека претседателот ќе ја има силата да ја забрани која било апликација сака, па дури и веб страни.“

Ненси Пелоси од друга страна кажа „Овој предлог-закон нема цел да го забрани TikTok, туку има цел да го подобри!“

Моментално, TikTok има 150 милиони корисници коишто ја користат апликацијата во САД.